Поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок по член 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против четири американски државјани со македонско потекло. Во поднесената прекршочна пријава опфатени се: Д.Л. (22) и Ф.Л. (20) по потекло од струшкото село Радолишта како и М.Х. (24), А.Х. (21) со живеалиште во Алјаска.
Утрово во 05 часот и 50 минути, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца од средишниот дел на патеката. Притоа, пријавените целосно откорнале и целосно уништиле две садници, а поголем број делумно ги оштетиле. Лицата се приведени и по брза постапка и се спроведени во Основниот Суд во Охрид.