Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар. Поранешниот фудбалер на нашиот тим ја презеде клупата и го замени Гоце Седлоски кој што поднесе оставка на местото стручен штаб на Вардар. Јаневски после 28 години повторно се враќа во Вардар, сега прв пат како тренер и ќе ја води екипата во следните две години.
На вечерашната прес-конференција беше претставен од страна на претседателот на клубот Мирко Спасески.
„Ме радува што уште една вардарова легенда се приклучи во нашиот клуб. По 28 години во нашиот клуб се врати Чедомир Јаневски. Му посакувам добредојде, и се надевам дека со неговата работа ќе имаме успеси“, – рече претседателот Спасески.
Извршниот директор на клубот, Самоил Симев, истакна дека во Јаневски Фудбалскиот клуб Вардар препознал идеален заменик за досегашниот шеф на стручниот штаб.
„Во Чедомир Јаневски видовме идеална замена за досегашниот тренер Гоце Седлоски. Разговорите траеја доста кусо, и ме радува што за кратко време прифати да го води нашиот клуб. Во името на целиот фудбалски колектив му посакувам добредојде и му посакувам успешна работа“, – рече Симев.
извор: fkvardar.mk