Вардар со сензационална победа против Фенербахче, висок пораз за Шкендија во Милано

Вардар успеа да победи со 2:0 против Фенербахче во рамките од плеј-офот за Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Вардар поведе со 1:0 со голот на Басегјан во 20 минута. Во последните моменти од натпреварот Топал постигна автогол (90+2) со што Вардар дојде до предност од 2:0 и забележа сензационална победа пред повратниот дуел во Турција.

За разлика од Вардар, Шкендија не помина добро во Милано. Милан забележа победа од 6:0 со што речиси го обезбеди пласманот понатаму. Останува уште средбата во Скопје каде Шкендија ќе има невозможна мисија во обидот да ја достигне предноста на Милан.

Реванш дуелите ќе се играат на 24 август.

WebOhrid