МТСП: Извршена исплата на повеќе права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика изврши исплата за месец јули на повеќе права од социјална и детска заштита.

Имено, извршена е исплата на следните права од социјална заштита: цивилна инвалиднина, мобилност и слепило, постојана парична помош, еднократна парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач, социјално домување и здравствена заштита.

Исто така, извршена е исплата и на следните права од детска заштита: детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток како и посебен додаток за месец август.