Општина: Неспоредливо е работењето на градоначалникот Бакрачески со времето кога вие раководевте со Локалната самоуправа

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои:

„Господа од СДСМ,

Единственото нешто кое најдобро знаете да го правите е да уништувате живот, а тоа најдобро го почуствуваа Охриѓани во времето кога Вие бевте на власт. Неспоредливо е работењето на градоначалникот Никола Бакрачески со времето кога вие раководевте со Локалната самоуправа.

Одлика на оваа локална власт беше и остана отчетноста и транспарентноста пред граѓаните на Охрид, за разлика од сите претходни власти кога охриѓани немаа увид каде завршуваат нивните пари. Но, отчетноста не е единствената разлика, тука е и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните. Како никоја претходно локална власт, градоначалникот Никола Бакрачески, секој еден ветен проект пред охриѓани го оствари или неговата реализација е во поодмината фаза.

И за долгот со кој го потонавте Охрид, колку и да сакате да ја омаловажувате јавноста неможете да го сокриете финасискиот злостор кој му го нанесовте на градот. И во овој поглед излеговме со статистики и факти без број пати, а Вие тоа се обидувате да го прикриете со кулоарски и чаршиски муабети.

Уште еднаш:

Вие Општина Охрид ја потонавте за 33 милиони евра ( 2 038 000 000 денари), и за уште половина од оваа бројка ги потонавте јавните претпријатија и школите во Охрид. Ние намаливме 13 000 000 евра долг по сите основи и ги исплативме сите обврски во нашиот мандат.

Само ова е факт. Едно е статистика, а друго се паушалини зборувања.

Во соопштението кое што го испративте до медиумите, најверојатно засрамени од вашите злодела, заборавивте да споменете дека вработените во ЈП „Билјанини извори“ ги остадовте со ПЕТ неисплатени плати, ЈП „Билјани извори“ го оставивте со најштетниот договор за закуп кој некогаш е склучен во нашата држава за давање под закуп на јавниот паркинг простор, долг кон вашиот “БОМБОНА БИЗНИС“ партнер – ЕВН во висна од 8 МИЛИОНИ и 200 ИЛЈАДИ денари, заборавивте да напоменете дека не набавивте ниедно специјализирано возило за подигање на комунален отпад, дека оставивте хипотекарен кредит кој не бил редовно серивисиран каде постоеше опасност ЈП „Охридски комуналец“ да ги изгуби просториите во Градскиот пазар, понатака заборавивте да кажете дека месноста „Мауцкер“ ја претворивте во депонија. Заборавивте да кажете дека во образованието си поигравте со судбината на стотина лица, кои ги имавте ангажирано, а за нивниот ангажман не добиваа ниту еден единствен денар, или со колкави долгови и во каква катастрофална состојба ги оставивте образовните инсититуции во градот.

Господа од СДСМ,

Делата на оваа локална самоуправа се видливи. Граѓаните на Охрид тоа го знаат, секојдневно ги користат пешачките патеки, плоштадите, детските и повеќенаменските игралишта и сите други проекти кои внесоа ведрина кај охриѓани. Охриѓани повеќе не веруваат на празни зборови, тие веруваат на она што го гледаат, а тоа е дека изградбата на автобуската станица е во напредна фаза исто како и градскиот пазар, знаат дека токму Вие, Владата на Република Македонија ја стопира изградбата на покријаниот пливачки базен кој беше започнат со изградба, а исто така знаат дека за многу скоро ќе започне и изградбата на домот за стари лица.

Господа од СДСМ,

Доколку имавте доблест во минатото да направите отчет за вашето владеење, најверојатно во текстот ќе пишувавте колку средства од граѓаните потрошивте во кафеаните, колкав долг оставивте, колку зделки кои беа на штета на охриѓани направивте, а како капитална инвестиција ќе го поставевте „Бумерангот“ што го донесовте од вашите прошетки кога постоеше опасност градот да биде поплавен.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.