Во врска со денешната прес-конференција на координаторот на советничката група на СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид во која стои:
„Очигледно СДС Охрид си ја има мувата на капата па со денешната пре-конференција пониско од очекуваното сака да се оправда пред граѓаните. Најдобри сте во извртување на работите во своја корист, но треба да сфатите дека охриѓани се помудри отколку што мислите. Тие ја имаат во раце Стратегијата која го најавува вашето црно и болно сценарио.
Ние, како партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме иницијативата за референдум и никогаш не сме биле против бегалците, напротив ние сочувствуваме со нивната трагедија, но цврсто стоиме на ставот и порачуваме дека нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот. Најмалку да си игра со нашата судбина и судбината на нашите деца. Охрид е народот и народот е Охрид!
Престанете да ширите небулози дека грижа Ви се граѓаните, кога повеќе од јасно е дека приоритет се мигрантите бидејќи со Стратегијата се предвидува изградба на нови населби со цел трајно вдомување на бегалците во Охрид и Македонија добивајќи месечни исплати, нивно бесплатно образование, вработување и право за државјанство, како и вработување во државните институции и во јавниот сектор.
Вашите маски се разоткриени.
Ве повикуваме како советници од СДС да гласате против населувањето мигранти а не да бидете воздржани или да не гласате, со тоа ќе ја докажете грижата а не штетата за охриѓани криејќи се дека некои прашања повторно не заслужуваат одговор.
Зошто ви сметаа Македонците од Пустец, Р. Албанија и дали со вдомувањето на мигрантите сакате да го повторите сценариото од деведесеттите години кога дадовте 150 000 државјанства на бегалците од Косово, а кои подоцна ги искористивте во изборниот процес со кој добивте нелегално престедател?
Почитувани,
Лагите на СДС излегоа на површина и охриѓани ги гледаат, тврдевте дека нема да има двојазичност и втор службен јазик на територијата на Република Македонија на дело се спроведува веќе двојазичноста. Охрид ќе стане двојазичен град.
Тврдевте дека нема да се потпише штетниот договор со соседната земја Република Бугарија, се потпишаа тој договор што е на штета на Република Македонија.
Стратегијата ја донесе Владата на СДС, комплетно нова стратегија со која се бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Тотално е неточно дека истото го прифатила и Владата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само од општина Сарај побара разгледување на можност за згриживање лица кои потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, и конечно најголемиот факт е дека не изгради ниту еден објект за населување на мигранти.
Зарем ова го заслужува Охрид и Република Македонија? Зарем охриѓани заслужуваат со страв да минуваат низ улиците?
Нашата земја отсекогаш била слободна земја, пример за мултиетнички соживот, но тензијата која се создава низ годините е резултат на вашата омраза кон сопствената земја. Повеќе и од јасно е дека вие не сакате да постои Република Македонија. Сакате да исчезне од картата, сакате да ја продадете на лесен начин, со помош на ,,чадорите‘’, па затоа смислувате периодични приказни за кои и мало дете знае дека се невистини.
Залудни Ви се сите обиди затоа најпаметно е да се потрудите да одговорите на прашањето:
Дали интеграцијата на мигранти која се носи во 2017 всушност значи прекин на кризната состојба на крај од 2017 и повлекување на македонската Армија од граница со што по Нова година на мала врата се отвора Коридорот за транзит на мигранти?
Постои суштинска разлика меѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека ние ја сакаме сопствената земја и секој милиметар од неа, а Вие ја користите секоја секунда за да и’ наштетите, но тоа нема да го дозволиме.
Затоа на 15 октомври охриѓани ќе го поддржат референдумот и уште во првиот круг ќе изберат градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!“ – стои во реакцијата од ВМРО–ДПМНЕ OK Охрид.