Обуката се организира од страна на Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт. Ќе биде водена од меѓународен тим на искусни обучувачи, кои ќе користат алатки за неформално образование и кои преку меѓукултурното учење ќе опфатат различни теми, кои ќе бидат корисни за учесниците.
Агенцијата за млади и спорт преку неодамна усвоената Национална стратегија за млади (2016-2025) има за цел да го поддржи развојот на капацитетите на локалните младински совети и да придонесе кон ефикасно креирање на локални младински стратегии. Оваа институција упати покана до Советот на Европа да даде своја поддршка за исполнување на ваквата цел.
Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт ги повикуваат сите заинтересирани да аплицираат на повикот, кои ги исполнуваат условите, без оглед на пол, попреченост, брачен или родителски статус, етничко или социјално потекло, боја, верување и сексуална ориентација.
→ пријава ←