Денес во Општинската изборна комисија во с.Белчишта, кандидатите за градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски, Зоран Ногачески и Јадранка Бибан потпишаа Кодекс за фeр и демократски избори.
Кодексот се однесува на почитување на Изборниот законик, како и овозможување изборниот процес во Дебрца да помине во фер и демократска атмосфера.