Утревечер голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Охрид

Утревечер со почеток во 19:00 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Традиционално од Охрид со слоганот „Новата ера почнува“ започнува кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 15ти октомври.

Почетокот на партискиот собир е најавен за 19 часот, а на истиот е предвидено да се обрати лидерот на партијата, Никола Груевски, носителот на советничката листа, д-р Кирил Пецаков и кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Митко Тилевски.

„Почитувани граѓани,

Ве покануваме на Големиот народен собир заеднички одлучно да застанеме за доброто на Охрид, зад советничката листа и д-р Митко Тилевски за градоначалник на Охрид.“- информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.