Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика. Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија.
Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектите кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европските фондови за одредени проекти.
Гостите од Холандија го посетија и дневниот центар „ЗРАЦИ“ и изразија подготвеност да го помогнат центарот во неговите активности. Се очекува во наредниот период засилена кореспондеција на Општина Охрид со АЛЕСКОН и градот Асен и конкретизирање на соработката со заеднички проекти.