Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во Оровник одржа прес-конференција на тема образование. На истата тој ги најави проектите во неговата четиригодишна програма, но и проектите кои ќе бидат спроведени.
„Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште повеќе. Денес ќе го разгледаме нашето дејствување во однос на образованието во општина Дебрца. Затоа Ве молам потсетете се само пред 4 години на што се базираше образовниот циклус и во какви услови се обвиваше истиот. Кога говорам сакам тоа да биде потврдено со факти и фотодокументација.“- рече Трајкоски.
Трајкоски потсети дека досега е изградено монтажно основно училиште во Волино, додека пак реконструирани се основните училишта во Требеништа, во Оровник и во Лешани.
Тој најави дел од проектите кои ќе бидат спрoведени:
- Во Оровник – Партерно уредување на дворот на училишната зграда и изградба на игралиште за Баскет;
- Требеништа – Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за парно греење;
- Волино –Реконструкција на стара училишна зграда;
- Мешеишта- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за ценрално греење;
- Ботун- Реконструкција на училишна зграда;
- Белчишта- Промена на системот за греење и замена на столарија;
- Лешани- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и Изградба на Спорска сала во склоп на училиштето;
- Велмеј- Реконструкција на училишна зграда;
- Издеглавје- Реконструкција на училишна зграда;
- Општината ќе ги стипендира најдобрите 20 ученици;
- Опремување на училишта и училишни кабинети.
WebOhrid