Трајкоски: Новата Програма од областа култура е од витално значење за Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција пред Културниот дом во Злести, на која ги презентираше досега реализираните проекти од областа на културата, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на културата.

„Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата…од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти. Суштината да се биде градоначалник е во тоа да се биде од еднаквите меѓу вас со таа можност за спроведување и реализирање на потребите од општината. Токму тоа го правевеме изминативе 4 години кога Дебрца во секој сегмент се издигна.“- истакна Трајкоски.

Тој потсети на дел од досега реализираните проекти од областа на културата: Реконструиран Културниот дом во село Мешеишта, Реконструкција на Центарот за Култура во село Лешани, Реконструкција и санација на дел од Културниот Дом во Злести, Реконструкција на Дом во село Издеглавје, Реконструикција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта, како и многу други проекти.

Кандидатот за градоначалник Трајкоски денес презентираше и проекти од новата Програма од областа култура, која што како што кажа е од витално значење и има особено значајно место во секојдневното функционирање, а тоа се: Проект: Реконструкција на културниот дом во село Требеништа, Проект: Реконструкција на Домот во село Горенци, Проект: Целосна Реконструкција на културниот дом во село Злести, Проект: Реконструкција на салата за состаноци во општинската зграда во Белчишта, Проект: Реконструкција на постоечки објект стар Интернат во Село Белчишта со пренамена во Етно Музеј и Музеј за ,,Белчишко Блато,,., Проект: Реконструкција на воденицата во село Велмеј ,,Наисток,, и ставање во заштита како културен споменик. Проект: Подршка на Интернационалната Ликовната Колонија ,,Дебрца,, Село Белчишта. Проект: Подршка на Културни Манифестации во Општина Дебрца и др.

„Нашите образи се чисти бидејќи макотрпно работевме секојден со што насекаде имаме подобрување, но потенцирам, тука не застануваме, продолжуваме со уште побрзо темпо, бидејќи изминативе 4 години имавме можност да согледаме што и каде недостига…дел од тие елементи се влезени во програмата…но треба да се знае како и досега така и од сега ќе реализираме проекти и кои не се напишани во самата програма а им се потребни на нашите жители.“– додаде Трајкоски.

WebOhrid