Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година.
Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во понатамошното школување. Првачињата беа многу среќни со добиените подароци, а насмевката на нивните лица кажува едно големо „БЛАГОДАРАМ“ до сите вклучени во реализацијата на оваа прекрасна иницијатива.