Верниците во Лагадин го одбележаа празникот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин.

Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.

За многу години!

WebOhrid