ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„ВМРО-ДПМНЕ со изненаденост ја прими информацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во соптвеност на Константин Георгиевски, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразува на највулгарен начин.
Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги читаа овие вулгарности на неговиот профил.
Ја повикуваме СДС јавно да се огради од неговите испади и да им се извини на граѓаните за ваквите најблаго кажано – испади на носителот на нивната листа, со кои тој врши досега невидено омаловажување на јавно кажаниот збор од политичар, врши недозволива естрадизација на јавноста и целосна девалвација на фунцкијата Советник.
Воедно изразуваме надеж дека серијалот вакви испади ќе заврши и партијата СДС ќе најде начин да го исконтролира овој очигледно неконтролиран процес на сеење вулгарности од најниско ниво во јавноста.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.