ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше самата, никогаш не е касно да се дознае

Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои:

„СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше со општинскиот буџет самата, јавноста никогаш не е касно да дознае. Имено кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстично зголемени во однос на 2006 и 2007, ќе се увиди дека последниве години трошоците за репрезентација се минорни со оглед на тоа што тука спаѓаат и трошоците за верскиот празник василица.

Како и претходно, секогаш ќе зборуваме со факти, а Ногачески нека продолжи да тони во калта и да пропаѓа во сопствените лаги како никогаш досега, односно се фаќа во мрежата која сам си ја плети.

Народот знае кој работи за него, кој реализира проекти и на Ногачески нека му биде јасно ако сеуште нема сфатено дека на 15 Октомври, граѓаните од Дебрца ќе го дадат гласот за Игор Трајкоски со заокружување на бројот 13 и голема победа уште во првиот круг.“ – стои во реакцијата од ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.