Трајкоски ги презентираше проектите од новата Програма од областа на партерното уредување

Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, во с.Велмеј пред реконструираната чешма. Тој ги презентираше досега реализираните проекти од областа на партерното уредување, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на партерното уредување.

ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови туку зборови кои преминале во реализирани проекти. За развојот на Дебрца неопходно е во секој сегмент во секое село да се спроведат ветените проекти, ние започнавме од основните и најпотребните и ќе продолжиме. Ќе продолжиме со уште посилно темпо бидејќи тоа им го должиме на нашите сожители.
“– рече Трајкоски.

Тој укажа на партерното уредување, како дел од секоjдневното живеење, и потсети на дел од досега реализираните проекти од областа на партерното уредување. Потсети дека досега се реконструирани извори во с.Велмеј, реконструирана чешмата во Село Лешани, реконструкција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта, партерно уредување на просторот околу Изворите „Долни Исток“ и воденицата во Село Велмеј, изградени се видиковци во местата Сини Вирој и Требенишко езеро, поставени се маси со клупи за одмор, корпи за отпадоци, информативни табли, паркинг за велосипеди, патоказни табли за информирање на повеќе локации во општината.

На прес- средбата тој ги презентираше проектите од новата Програма од областа на партерното уредување. Како што кажа тој, со овие проекти ќе се добијат убаво уредени места каде ќе може населението да се релаксира, разговара и да го поминува слободното време.

„Со новата програма ќе се раализираат следниве проекти:

– Проект за Изградба на плоштади во селата, Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино, Ботун, Злести, Белчишта, Лешани и Велмеј

– Проект за Партерно уредување на речни корита во населените места Белчишта, Злести, Климештани и Волино

– Проект за Изградба на Видиковци и Пешачка патека за локалитет Сини Вирој,с.Белчишта.“- рече Трајкоски.

WebOhrid