Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид

Кандидатката за советник од ВМРО-ДПМНЕ Охрид,  д-р Снежана Стефаноска, денес одржа прес-конференција, на која го презентираше проектот „Реконструкција или доуредување на градинки, Основни и средни училишта“.

„Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ.  Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот. Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада, столарија, олуци) ОУ „Бртаство Единство“ (Крст-Џамија и Лескајца), реконструкција на покрив во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, реконструкција на санитарни јазли и фасада во ОУ „Живко Чинго“-Велгошти, покрив и санитарии во ОУ „Кочо Рацин“, санација на санитарни јазли во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“, Реконструран централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и отворени градинки во Пештани, Лескоец, Велгошти, Црногорци.“- истакна Стефаноска.

Како што кажа таа, ВМРО ДПМНЕ ќе го спроведе проектот за реконструкција или доуредување на градинки, Основни и средни училишта.

„Проектот има за цел да ги подобри просторните услови во училиштата и градинките со што ќе се придонесе за обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Истото резултира со правилен психо-физички разввој на учениците и соодветно едукативно профилирање низ едукативниот процес.

– Реконструкција на дограма, поткровје и опремување со мебел и реквизити на новиот дел од Гимназијата

– Реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“

– Реконструкција на училиштето во Долно Коњско

– Реконструкција на училиштето во Елшани (покрив, фасада и столарија)

– Реконструкција на санитарии на ОУ „Братство Единство“

– Реконструкција на градинките: Росица, Развигорче и Лихнида“- рече Стефаноска.

Стефаноска истакна дека заедно со граѓаните преку заедничките идеи ќе воведат нови стандарди во воспитно-образовниот процес, со цел овозможување модерен и современ образовен систем.

„Само образовано население во здрави услови може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното дигитализирано општество. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е на страна на граѓаните. Секогаш охриѓани, Секогаш работа, Секогаш Охрид!ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш политиките што ги води и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на охриѓани. Препознавајќи ја работата охриѓани на 15 октомври ќе ја дадат поддршката за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како и за Д-р Митко Тилевски за иден градоначалник на Охрид за победа уште во првиот круг.“- додаде Стефаноска.

WebOhrid