Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои:
„Ногачески, човекот кој повторно тони во сопствените лаги, и сам си плете мрежа, повторно и повторно ја замајува јавноста. Доколку Господине Ногачески, зборувате и обвинувате за нешто што не е вистина како што тврдите, изминативе години додека Општина Дебрца ја водеше Трајкоски, лично Вие сте подигале дневници за патувања во земјата и доколку имавте доблест и грижа за Општина Дебрца, зошто не се откажавте од дневниците кои Вие лично ги подигавте од касата на општината, за што Ви приложуваме патен налог потпишан лично од Вас.
На 15 Октомври нема да Ви помогнат ваквите лаги со кои го замајувате народот, туку вие сте прочитана книга, поради тоа не ви веруваат ниту во сопстевените редови, ако може да се наречат сопствени, а единствено очигледно кај Вас е тоа дека најголемо мото, поттик и желба да станете Градоначалник, кај вас е само Вашиот личен интерес, за што народот најдобро Ве прочитаа изминативе години.
Затоа господине Ногачески, народот добро ги познава проектите кои се реализираа во Општина Дебрца и на 15 Октомври ќе го избере бројот 13 и ќе гласа за Игор Трајкоски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за голема победа во првиот изборен круг.“ – стои во реакцијата од ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.