ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денес одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник Катерина Пискулоска.
„Лагите и ветувањата на кандидатот за градоначалник за Дебрца од СДС Ногачески се повеќе и повеќе го тераат кон дното. Имено, изминативе 4 години тој со неговата кампања и плукање не успеа ништо. Така Ногачески треба да знае дека уште овие дена нема да успее да смени ништо, бидејќи нема можност да ги избрише сликите од реализираните проекти (канализации, водоводи, патишта, улици, училишта и многу други) од градоначалникот Трајкоски, за негова жал нема да му помогне, бидејќи народот во Дебрца, знае многу добро како во неговото политичко милје ги менуваше политичките определби се со цел да си ги задоволи личните желби и потреби ветувајќи мед и млеко. Така во 2013 година проба и како независен кандидат да стане градоначалник и освои дури 12 гласови во цела општина. Нека не се сомнева Ногачески дека жителите во Општина Дебрца имаат слаба меморија и памтење. Но за секој случај, понатаму ние ќе ги потсетуваме уште на некои други работи поврзани со Ногачески. Но да го потсетиме него и на тоа дека сеуште нема дадено одговор на претходните наши поставени прашања. Ќе бидеме трпеливи уште неколку дена, а потоа ние ќе ги обелодениме одговорите, бидејќи вистината секогаш излегува на површина.“- истакна Пискулоска.