Крајно безобразно и дрско е да се бара одговорност од некој што ги направил сите позитивни процеси за подобрување на иднината на граѓаните. Еднаш конечно, од СДСМ, излезете пред јавноста и ако можете барем за миг да си го погледнете ликот во огледало, без притоа истото да посакате да го скршите, незадоволни од одразот што ќе го видите во него, обвини на денешната прес-конференција, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.
„СДСМ, Жаклина Лазаревска, Томислав Тунтев, Јован Стојаноски, нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено младите и божемно привлекување на младите генерации. Зарем малку ви беа осум години што ги протерувавте охриѓани и не ги оставивте да живеат и творат во Охрид. Охрид го претворивте во град на духови. Сите статистички податоци од Државниот Завод за статистика го потврдуваат тоа. Најголем бој на иселени лица од Охрид се во периодот од 2007 до 2012. Па зарем кој ли беше на власт тогаш во Охрид и кој го уништуваше? Вие од СДСМ и никој друг! Ветувавте во новиот живот враќање на младите во државата и Охрид, а бројот на иселени е во најголем раст во овие 20 години. 30 илјади за само четири месеци. Како ќе ги вратите тие? Најавениот живот изгледа значи е само големо иселување на младите. По досегашните изминати кошмарни 4 месеци, се чувствуваат гневни, измамени, злоупотребени. Сите оние реформи направени од ВМРО-ДПМНЕ кои им го олеснија животот, гледаме дека една по една ги укинувате. Да повикувате чесен и угледен доктор, којшто институцијата деценија водел по правилна насока ја издигнал на едно највисоко ниво, а вие зад вас да немате ниту една трошка успех е мизерно. Жаклина Лазаревска, Томислав Тунтев, што направивте за овие четири месеци за младите? За жал, ништо! Пред избори како муви без глави одевте низ младите во Охрид, ветувајќи им дека по завршувањето на своето образование ќе им понудите три опции, со кои ќе им помогнете во животот, а тоа се вработување, практикантство и дообука. Што остваривте од тоа? Одважете се еднаш и одговорете! Ништо од ветеното не е остварено. Младите во Охрид видоа дека се жртва на манипулација. Велите дека парите ќе одат назад кај граѓаните, а само за четири месеци се потрошени 420 милиони евра од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Тоа ли е домаќинско работење?“- рече Арнаудоски и уште додаде:
„Охриѓани, а особено младите се свесни, младите ја гледаат манипулацијата на СДСМ, младите повторно нема да дозволат да бидат жртва на манипулација. Нова ера ќе има во Охрид! Да, затоа што народот препознава луѓе што сакаат да работат со дела за Охрид, животот не го дава СДСМ, животот го дава само еден, а тоа е Бог! Охриѓани ја препознаваат расипничката политика на СДСМ. Затоа, на 15 октомври, охриѓани ќе ги казнат погубните политики на СДСМ и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нудат д-р Митко Тилевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.“– додаде Арнаудоски.
WebOhrid