„Искрено жалам што Трајкоски и неговите советници од ден на ден се повеќе пропаѓаат во живиот песок и кал, што самите ги направија од Дебрца. И притоа забораваат дека колку што повеќе мрдаш во живиот песок толку повеќе тонеш.
Воопшто немам намера да се занимавам со нивните небулози и од други напишани соопштенија, во кои и самите не веруваат.
Граѓаните добро знаат кој е Ногачески, ама и кои се “делата” на Трајкоски.
Граѓаните знаат кој во изминативе четири години им ја зеде и зароби општината, потроши народни пари за промашени проекти, преплатени и натплатени, ги полнеше неговите и џебовитe на неговите роднини со општински пари.
Граѓаните на Дебрца сакаат народен човек, а не самобендисан и недопирлив Градоначалник, каков што беше Трајкоски.
И затоа, на 15 Октомври ќе му кажат збогум на Трајкоски и неговите катастрофални локални политики и ќе изберат луѓе за кои секој е важен и секој ќе биде важен.“ – вели Зоран Ногачески, кандидат за градоначалник на општина Дебрца од Коалицијата “Живот во Македонија за сите”.