Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г-н Кристиан Тимони.
Министерот Адеми истакна дека она што најмногу е битно се младите луѓе, и дека новата генерација на младите од дијаспора со своите професии и знаења во земјите каде што живеат, е важно да ги вклучиме во различни иницијативи овде во Република Македонија.
Тие како дел од дијаспора и наши сограѓани може и треба да придонесат со своето знаење и искуство во развојот на Република Македонија, а ние како држава и институција треба да им ги овозможиме условите да тоа нивно знаење и искуство го пренесат во нивната матична земја.
Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, г-н Кристиан Тимоние е убеден дека дијаспората е еден од клучните столбови за развојот на државата и дека дијаспората е неделив дел на државата каде со меѓусебна соработка може да си помогнеме меѓусебе и да градиме подобра иднина.