Во врска со прес-конференцијата на Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои:
„СДС повторно замајува во однос на образованието.
Знаеме дека како и во сите области така и во образованието расипнички потроши 4 месеци, а ништо не направи. Исто така нема ни на локално ниво да направи за 4 години како што ветува.
За да го сфатиме образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетиме како функционираше образовниот систем за време на СДС. Се сеќаваме на катастрофална инфраструктура и нула изградени спортски сали кога СДС беше на власт и буквално немаше нафта да се загреат училиштата и спортските сали.
Во тоа време компјутери беа мисловна именка, а младите учеа во ужасни услови и простории со мувла и простории кои што имаа катастрофални столчиња и маси. СДС направи начин на патување на децата и учење во странство само на нивните функционери, додека сите останати ученици и студенти беа заглавени во македонскиот полуфункционален образовен систем и плаќаа неверојатни суми за школување.
За времето на СДС во образованието беше карактеристично:
Лица кои по разни основи ги ангажираа во училиштата и тоа во период кога се случуваа избори на луѓето им беа давани договори на дело кои буџетски не биле планирани, со што не им се исплаќале продонеси. Зарем тоа не e поигрување со интелегенцијата на охриѓани?
Состојбата во образовните институции беше лоша, поставена на несоодветни основи, со голем број нерасчистени состојби и финансиски дубиози кои го оптеретуваат функционирањето на образовниот систем во општината.
Основните и средните општински училишта, како и детската градинка, не ги задоволуваа потребните законски стандарди за нормално функционирање, а заради направени долгови некои од нив имаат и блокирани жиро-сметки. Тоа е доволна причина да бидеме сигурни дека менаџирањето со образовните институции било лошо и несоодветно.
Според горенаведеното охриѓани не може да очекуваат нови спортски сали, реконструкција на училиштата кога знаат како расипнички владее СДС кога е на власт во Охрид. Затоа тие ја препознаваат вистинската грижа и ќе ги казнат на локалните избори засекогаш тргнувајќи ги од политичката сцена во Охрид.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.