Донев: На ЈП „Нискоградба“ и следи просперитетна иднина

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Охрид, Сашо Донев, денес во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, на која истакна:

„Почитуван кандидат за градоначалник Јован Стојаноски, како довчерашен советник многу добро сте запознаен со незавидната состојба на јавните претпријатија кои беа доведени од власта на СДС. Во големата желба да ги затскриете злоделата од минатото, невешто демонстрирате селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид. Вие сте кандидат на СДС, а таа партија и нејзиниот градоначалник во осум години ги урнисаа јавните претпријатија во Охрид. Ги презадолживте и доведовте до неликвидност со над 15 милиони евра долг. Луѓето кои се ударна тупаница во кампањата се истите оние кои ги доведоа до просјачки стап јавните претпријатија и општината Охрид. Во време на СДС за три и пол години во Јавното претпријатие „Нискоградба“ се потрошени над 3 милиони денари за репрезентација, направен долг од над еден милион евра, а доверителите оштетени оставени со неплатени побарувања. Денес „Нискоградба“ граби напред, не се задолжува, туку со домаќинско и одговорно работење истата е раздолжена за над 17 милиони денари и бидете сигурни дека ќе биде целосно раздолжена од вашите долгови.“– истакна Донев.

Како што кажа Донев, на „Нискоградба“ и следи просперитетна иднина со зголемување на платите на вработените и отворање на нови работни места.

„Јавните претпријатија одат напред, Охрид оди напред, а напред не се оди со расипничко работење. Напред се оди со посветеност, скромност и работа.“ – додаде Донев.

WebOhrid