Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник, Димитар Манчев.
„СДС демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина. Зборот бил збор!? Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики. На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: – Ние одма би реагирале! И самите ние да дојдеме до езерово ќе видиме до каде и ќе кажиме доста е, како треба да се однесуваме? Никако не смее да се допушти падот под нивото законско на водата – рече Лазареска. Денес за нивото на езерото молчат сите кои тогаш беа најгласни. Невладиниот сектор полека, но сигурно станува службеници во владата, а пратениците во јавноста повеќе не се појавуваат на еколошки теми, млади и сиромаштија, туку со стотиците илјади денари, кои ги зеле од државата како патни трошоци и трошоци за одвоен живот. Поради целосната негрижа, неспособноста и неодговорност на СДС граѓаните на Охрид на овие локални избори на 15-ти октомври ќе им пресудат и ќе го казнат нивното расипничко владеење.“ – рече Манчев.