Тилевски: Формирање на Туристичко Биро на град Охрид во рамки на ТЛЕР

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам. Затоа велиме: Туризам. Туризам. Туризам. Ова на денешната прес-конференција го истакна Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.

Тилевски најави отворање на туристичко Биро во рамките на ТЛЕР. Како што кажа, со проектот се предвидува формирање на Туристичко Биро на град Охрид кое ќе биде сместено во Туристичкиот-информативен центар.

„Примарна цел ќе биде промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл. Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови.  Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда. Истовремено на истите се одржуваат и директни средби помеѓу туристичките работници од Охрид и од земјата-домаќин со цел воспоставување на директна соработка и зголемување на застапеноста на Охрид на тамошниот туристички пазар.“- рече Тилевски.

Тилевски ги најави и традиционалното одржување на туристичката „Промотивна тура“, како и на Фестивалот „Ohrid Calling“.

„На овој насстан поканети се и присуствувуваат туристичките работници и медиуми од таргетирани земји како потенцијални туристички подрачја, притоа посетувајќи ги сите најзначајни туристички локалитети во градот и околината, запознавајќи се со природното и културното богатство на градот. Истовремено се запознаваат со туристичката понуда на градот и можностите за соработка со туристичкиот сектор од Охрид. На тој начин се овозможува широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани. На фестивалот секоја година ќе настапуваат светски реномирани изведувачи како магнет за голем број посетители, како од државата така и од соседствотои европските држави. Со тоа Охрид добива нив бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот, аа истовремено придонесува за зголемување на бројот на туристи. Меѓународната соработка ќе оди во насока на: – Континуирана туристичка промоција на Охрид  Релациите кои општина Охрид ги одржува и гради со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид, ја јакне меѓународната соработка и ја зголемува довербата. – Интензивирање на меѓународната соработка Локалната самоуправа и понатаму ќе ги интензивира контактите и соработката со институциите од соседните држави во насока на заедничка соработка и комуникација со цел подготовка, аплицирање и имплементација на што поголем број на проекти во европските фондови и програми во делот на образованието, културата, спортот и заштита на културното наследство. Охриѓани заслужуваат подобра иднина, охриѓани живеат од и за туризмот! Тие препознаваат што е грижа за нив и знаеме дека сме на иста заедничка линија. Бројот 13 нека биде бројот за подобар туризам, подобар туристички развиен Охрид. Не случајно велиме: Секогаш охриѓани, Секогаш работа, секогаш Охрид!“- истакна Тилевски.

WebOhrid