ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа.
Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите во Република Македонија.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца.