Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Игор Трајкоски, кој е кандидат на коалицијата „За подобра Македониjа”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес оствари средба со претставници на Организацијата на борците од НОВ и поддржувачи на традициите и со здружението „Мобилност“ во Охрид.
На средбата претседателот на боречката организација, Гоце Георгиески искажа благодарност кон градоначалникот Трајкоски, за сите досегашни заеднички реализирани проекти во Општина Дебрца, од аспект на чувањето на спомен обележјата од НОВ и ПОМ, како и одбележувањето на годишнини од историско значење за македонската државност.
Кандидатот Трајкоски, пред присутните на средбата, исто така, зборуваше за реализираните и планирани проекти. Рече дека во неговиот нов мандат нема да има село и улица во цела Дебрца, без асфалт, село без водовод, се уредуваат плоштади, а најави и уредување на месноста „Сини Вирој“, измеѓу селата Белчишта и Ново село, како атракција од светски карактер, за што е изработен проект за добивање на средства преку ИПА-европските фондови.
За исти и слични прашања, беше разговарано и со Венко Голабоски, претседател на здружението „Мобилност“ од Охрид.