ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе се грижи Ногачески за Општина Дебрца, кога кровот на неговиот дом е тотално распаднат

ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Кандидатот за градоначалник од СДС кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината, од ден во ден се повеќе не убедува во спротивното. Имено, сакаме да го прашаме Ногачески, како ќе донесе живот во Општина Дебрца, кога тргнувајќи од тоа како се грижи за сопстениот дом, повеќе од сигурно е дека таков човек не и треба на Општина Дебрца. Ногачески само ги замајува граѓаните на Дебрца со неговите лаги, немајќи конкретна програма со рокови и проекти, ветува дека ќе протече мед и млеко во Дебрца, мислејќи дека колку поголемо лажно ветување ќе даде, толку повеќе ќе ги убеди граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој работи, кој реализира проекти, кој остава дела позади себе, а на луѓето како Ногачески кои користат само излитени фрази, времето им е поодамна изминато.

Како може да му се верува на човекот кој ќе донесел живот борејќи се за Општина Дебрца, како ќе се грижи за Општина Дебрца, кога кровот на неговиот дом е тотално распаднат, покажувајќи каков “домаќин” е тој всушност, а сето тоа можете да го видите од фотографиите.“ – стои во соопштението од ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.