Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје за да се спроведе вакцинацијата.
„Вакцината, како и минатата година, и оваа година е од холандско потекло од производителот Олст од Холандија, Abbott Biologicals е вакцината, доста квалитетна испитана кај нас во институциите во Р.Македонија, ги содржи сите оние потребни типови А и типови Б кои што обично, според проценката на Светската здравствена организација се манифестираат, односно се наоѓаат во овие средини, на ова подрачје, на оваа полутопка, така што вакцината е добра заштита, токму според препораките на Европскиот центар за превенција на болести, вакцината е најдобриот начин, прв и најдобар избор за заштита од сезонскиот грип и неговото влијание. Затоа и ја препорачуваме на сите оние кои што се над 65 години, на сите кои што се хронично болни, со болести на срцето, белите дробови, бубрезите, на дијабетичари, деца постари од 6 години, на сите оние кои што работат во јавната администрација, здравствените установи, во војска, полиција, сето тоа е препорачливо заради нивна заштита, односно заштита на работодавецот.“– изјави Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид.
Како што истакна директорот Точков, не може да се вакцинираат оние лица кои што се алергични на некои агенси или при примањето претходните години пројавиле некоја алергија, се алергични на јајца или се акутно болни во тој момент, имаат акутна инфекција и имаат температура повисока од 38 ºС. Но, како што рече овие анкети, мали кратки анкети ќе ги прави лекарот кој што ќе ги прима оние кои што ќе доаѓаат во епидемиолошките амбуланти за вакцина и според таа анкета ќе процени дали може да се даде или не.
„Вакцинирањето оваа година ќе се врши на две места, во Центарот за јавно здравје на две амбуланти и новина е што од оваа година мобилни екипи од Центарот за јавно здравје ќе одат по домовите кај лица постари од 65 години, кои што се хронично болни и кои што се неподвижни, не можат да излезат надвор и сите тие е потребно од денес (10 октомври) па се до 17 октомври да се јават во Центарот за јавно здравје на телефонот 046 231 030 каде што нашата службеничка ќе ги земе потребните податоци, адреса, контакт телефон и во одреден период, после 30 октомври ќе го закажеме вакцинирањето и ќе одиме во тие домови. Можат да се јават и самите тие, може и нивни блиски или да се пријават овде во Центарот за јавно здравје. Сето тоа е со цел да излеземе во пресрет на оние луѓе кои се навистина стари и кои што не можат да се движат и да излезад, да дојдат овде во Центарот, а секако да биде и вакцинацијата поефикасна.“– додаде Точков.
WebOhrid