Педесет првачиња од ОУ „Св.Климент Охридски“ станаа дел од семејството Детска организација

За оваа година мотото врз која база беше водена манифестацијата Детска недела беше „Во нашиот свет сите сме еднакви“. Педесет првачиња од Основното училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид, станаа дел од семејството Детска организација. Првачињата на овој свечен прием имаа можност на еден поразличен начин да го доживеат истиот. Тие покрај читањето на детското ветување од страна на координаторот на Детската организација имаа можност да се вклучат во низата спортски игри кои беа организирани за нив . Правото на детска игра е само едно од правата регулирани во Конвенцијата за правата на децата. Насмевката и задоволството на детските лица говори за тоа како се чувствуваа додека одеа, трчааа, скокаа, се провлекуваа.

Настанот беше проследен и од страна на родителите на децата, нераскинливата алка во воспитно- образовниот процес. Неизоставен дел на овој чин е и доделувањето на детските пасоши.

„Нека Ви е честит приемот драги првачиња. Овој ден нека остане запаметен во вашите сеќавања.“– велат од ОУ „Св.Климент Охридски“.