Шикоски: Ако СДС ја согледа реалноста за долгот и призна дека беше 50 милиони евра, дали ќе побара некој за тој долг да одговара?

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник Дејан Шикоски.

„Времето на празни ветувања и продавање магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес, а не градоначалник кој со од ракав истресени и слаткоречиви ветувања се обидува да ги прелаже граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува кандидатот за Градоначалник на СДС Јован Стојаноски дали тој и неговата партија го променија ставот околу раздолжувањето на Охрид, за кое во медиумите тврдеа дека цитирам „сигурно ќе се случи“, а сега нивниот кандидат за Градоначалник во четири последователни настапи зборува за цитирам „ќе вршам притисок врз Премиерот да се раздолжи Охрид“? Дали го применува принципот на неговите ментори Тунтев и Заев, кажи лага и надевај се дека ќе ти помине? Согласно член 41, став 1, од Законот за финансирање на единици на Локална самоуправа, општините може да добијат кредит, само за финансирање на капитални инвестиции, но не и за раздолжување. Дали вака променетата реторика на СДС значи дека полека но сигурно се потврдува вистината за стравувањата на јавноста, дека целата приказна која ја пласира владата на Зоран Заев за раздолжување на Охрид беше само популизам и маска. Да се протне преземањето на долговите за Колекторот со цел целосно да се раздолжи општина Струга, а со тоа неколкуте коалициони партнери на Заев да добијат финансиски раздолжена општина, за да има мир во владината Коалиција и да се сочува тенкото мнозинство во Парламентот. Додека пак за раздолжување на Охрид ќе треба како што вели сега Стојаноски, „да вршиме притисок врз Премиерот“. Почитувани граѓани,  станува сосема јасно дека и раздолжувањето на Охрид било само уште една предизборна лага на СДС. Но сепак мораме да признаеме дека во морето лаги, кандидатот на СДС Јован Стојаноски кажа и една вистина и за тоа ВМРО-ДПМНЕ му честита! Јован Стојаноски е прв претставник на партијата СДС кој по четири и пол години упорно одбивање да признаат колкав е долгот на Охрид, јавно пред камери призна дека долгот на општина Охрид беше 50 милиони евра. За ова јавно признание со кое како меур од сапуница експлодираа сите лажни тврдења на СДС дека долгот е помал, ВМРО-ДПМНЕ му благодари и го повикува во наредниот јавен настап да го каже ставот на СДС по следното прашање: „Ако веќе СДС конечно ја согледа реалноста за долгот и призна дека беше 50 милиони евра, дали ќе побара некој за тој долг да одговара?“ – ова граѓаните треба да го слушнат од нивните усти! СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на граѓаните. Граѓаните сето ова нема да го премолчат, и затоа ќе ги казнат СДС на 15-ти октомври, на претстојните локални избори.“– истакна Шикоски.

WebOhrid