Низ изминативе четири години јас како Градоначалник на Општина Дебрца успеав да го одржам дадениот збор. Она што го ветив да го исполнам, но не само тоа, туку се трудев и тековно работев вон мојата изборна програма се со цел што повеќе жители на Дебрца да бидат задоволни. Потребата за помош не познава никаква поделба, а потребата за реализирање на проекти го зголемува бројот на жителите кои ја прикажуваат довербата кон мене и ВМРО ДПМНЕ. Сите знаат дека во Дебрца никогаш не било повеќе направено отколку изминативе четири години. Тоа укажува на нашата сериозност во спроведување на даден збор. Ова денес го истакна кандидатот за градоначалник за Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски.
„Мојата сериозност за кандидирање на втор градоначалнички мандат укажува на фактот дека темпото со кое се работи во Дебрца мора да има постојан континуитет. Тоа е остварливо доколку со вашата доверба заеднички го спроведиме тој континуитет на различни сфери во општото делување. Дебрца ја направивме препознатлива, медиумски експонирана, општина со најмногу спроведени проекти, со целосно реализирана изборна програма. Токму ваквите факти потврдуваат дека вториот мандат ќе биде градација на што повеќе исполнување на вашите потреби. Нашето ново мото секогаш работа е всушност наша досегашна пракса. Затоа никој повеќе во Дебрца не се сомнева дека жителите ќе ја дадат довербата за број 13, бидејќи со заокружување на овој број се заокружува за реализација на секој потребен потфат, онака како што доликува на сериозна политичка партија и сериозен Градоначалник, ветено, реализирано и отчетно.“– истакна Трајкоски.