Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски.
Тој најави измена и дополнување на детални урбанистички планови. Со цел да се прифатат и да бидат вградени барањата за бесправно изградени објекти, континуирано се изработува ДУП за сите населени места, доколку, како дел од постапката, Министерството за транспорт и врски навремено ја издаде потребната согласност. Најви и изградба на инфраструктура во Мауцкер.
„Комплетна инфраструктура во индустриска зона „Мауцкер“ – Решавање на состојбата со бездомни животни, Изградба на современ стационар и шинтер-служба согласно со сите стандарди. Локација – Мауцкер. – Уредување на просторот кај Бејбунар“.– истакна Тилевски.
Како што рече Тилевски, добрите инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија, обезбедуваат континуиран развој на општината во секој нејзин дел, вклучувајќи ги како градските така и руралните средини.
„Преку изградбата и реконструкција на водоводните и канализационите системи паралелно со уредувањето на зелени површини во Општината, директно придонесуваме за почиста, а со тоа и поздрава животна средина за сите нас. – Изградба или доизградба на водоводни системи. Водоводна мрежа на улиците: „Јане Сандански“, „Абас Емин“, „БУдва“, „Вардар“, „Васил Стефоски“, „Христо Узунов“, н. Рача, Горно Лакочереј, Пештани, н. Лагадин и Куратица. – Одржување и управување на сите локални водоводни мрежи од страна на МЈП „Проаква“ Канализациони системи: – Фекална канализација – рурални средини, Фекална канализација во Лескоец 4 фаза, Велгошти, населба Рача. – Реконструкција и изградба на канализациониот систем – општина Охрид, Урбани Заедници, Фекална канализација на улиците „15 Корпус“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Железничка“, „Будва“, „Александар Турунџиев“, „Ристо Чадо“. – Изградба на атмосферска канализација низ општина Охрид, Атмосферска канализација на улиците „Никола Карев“, „Будва“, „Абас Емин“, „Охридати“, „7 Ноември“, „Ристо Чадо“. Вие ја препознавате нашата грижа кон Вас. Тоа е наш долг и наша обврска. Затоа велиме 13 за нова ера во Охрид! 13 за „Секогаш работа“, 13 за „Секогаш Охрид“, 13 за „Секогаш Македонија“!“- додаде Тилевски.
WebOhrid