Нова мобилна апликација „Органски пат“

Апликацијата „Органски пат“ е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија во партнерство со Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје и Здружението на агро-новинари „Медиа плус“ од Скопје.

„Органски пат“ овозможува:

  • да дознаете каде во ваша близина можете да набавите или консумирате органска храна;
  • пребарување, контактирање и планирање посета на производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди;
  • да дознаете што е органска храна и како можете да ја препознаете;
  • да откриете зошто органската храна е добра за зачувување на здравјето и за животната средина;
  • да добиете одговори на често поставувани прашања во врска со органската храна.

Изработката на оваа апликација е финансиски поддржана од проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, како и од проектот „Органски пат – побезбедна и одржлива храна за сите“ што е дел од глобалната кампања Green Action Week за промоција на одржлива потрошувачка. Зелената акциска недела е иницијатива на Swedish Society for Nature Conservation и се спроведува во координација со Consumers International.