Во врска со реакцијата од ОО СДСМ Охрид, контра-реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои:
„СДС живее во некоја измислена бајка во која само тие веруваат и остануваат слепи при очи, глуви при уши, и што е најстрашно без разум.
ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот охридски градоначалник Никола Бакрачески на последните локални избори победија убедливо уште во првиот круг од изборите. Разликата беше над 8 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасен одговор на граѓаните кои го казнија катастрофалното работење на СДС и нивниот пиун Петрески.
Фактите поврзани со работењето на Петрески и СДС јасно покажуваат зошто тие не ја добија довербата на локалните избори, односно зошто граѓаните на Охрид ги казнија Петрески и СДС, кои претрпеа катастрофален пораз уште во првиот круг.
Искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, Александар Петрески вработи с`е што можеше да вработи по инстутуции и претпријатија за што ќе ни треба цел ден да набројуваме. Дури успеа да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател на комисија, која требаше да спроведува постапка за јавна набавка во висина од повеќе десетици милиони денари. Замислете, братот на Александар Петрески спроведуваше јавни набавки за општина Охрид. Градоначалник од редовите на СДС, јавните набавки во кои има општ и јавен интерес и средства му ги доверува на родениот брат. Примерот на СДС со нивните вработувања се класичен пример за непотизам.
Би требало, во СДС да сте свесни дека народот знае да казнува. Граѓаните ги препознаваат добрите намери и постигнатото. Затоа охриѓани повторно ќе Ве казнат на 15 октомври одбирајќи работа, чесност и отчетност препознавајќи го тоа во кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Митко Тилевски.“ – стои во контра-реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.