Тилевски најави рехабилитација и надградба на колекторски систем, марина, уредување плажи

Уредувањето на просторот и негово планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Одиме напред. Градиме, градиме, градиме, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Тој ги најави нови проекти: Рехабилитација и надградба на колекторски систем, Изградба на пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца, Изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца, Општина Охрид.

„Започната е реализацја на проектот за изградба на фекална канализациона мрежа и станица за третман на отпадните води во Трпејца, Општина Охрид. Основната функција на проектот е од една страна спреведување на адеклватно прибирање на отпадните води од домаќинсствата и транспортирање на отпадните води до пречистителната станица, додека пак од друга страна заштита на Охридското Езеро со флората и фауната која ја поседува. Согласно местоположбата на Трпејца, ќе се изгради посебна пречистителна станица и канализациона мрежа со цел да се надмине промлемот на третирањето на отпадните води.“- рече Тилевски.

Тој најави Рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион.

„Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности.  Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично собирање на отпадните води на брегот на езерото и ќе се создадат услови за почеток на санација на првичните 31 км од канализационата мрежа на примарниот колекторски систем воведувајќи нова технологија, без ископ.“– рече Тилевски.

Тилевски најави и Надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем за Охридското Езеро.

„Проектот ќе овозможи надградба на постојната пречистителна станица за отпадни води во Враништа и ќе помогне да се прошири канализациониот систем за собирање на отпадни води околу Охридското Езеро. Овој проект ќе придонесе за зголемување на капацитетот за прочистување на отпадни води и поефикасна работа на постојната пречистителна станица со што ќе се овозможи поинтегрална заштита на Охридското Езеро. Подготвена е проектна документација за надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа, проширување на колекторскиот систем на Охридското Езеро и одвојување на фекална и атмосферска канализација за градовите Охрид и Струга.“- истакна Тилевски.

Тилевски најви и Изградба на Марина.

„За да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти и да се пресретнат потребите од зголемен број пловни објекти во иднина се предвидува изградба на нова марина со најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти како едрилици, глисери, чамци и сл. 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за нивно маневрирање. Марината ќе биде комплекс кој ќе има и останати содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор. Се надеваме на искрена соработка од Владата на РМ за реализација на овој проект.“– рече тој.

Ги најви и проектите: Ревитализација на Студенчишко Блато, Уредување на плажи, Плажа за инвалидизирани лица со посебна рампа за влегување во езерото, Проект за финансирање на кампањи за почист град, за подигање на свест, за чување на општествени добра, за заштита на човекова околина, Мерка 1:10, Уредување на просторот околу вулканот Косел, Реконструкција на речното корито на реката Сушица, како и Одбелжување на значајни еколошки датуми.

„Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште по препознатливо место и туристичка дестинација. 13 за работа, сигурност и напредок. 13 за проекти мерки и дела за охриѓани. 13 за нова визија за Охрид и продолжување на светлата иднина на Охрид на чело со советниците од редовите на ВМРО-ДМПНЕ и новиот градоначалник. Имам визија За Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет, и затоа нека бројот 13 биде единствениот избор за вистинскиот сјај на Охрид! Затоа велиме бројот 13 за секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид!“- додаде Тилевски.

WebOhrid