Вчера во 09:15 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“ пред аптеката, Б.Н.(52) со закана со нож од И.И.(48) од с.Заграчани-Струга, се обидел да одземе седативи, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција.
На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.