Во среда, 25ти октомври, на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“- комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Бесплатен влез за студенти.
Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Картите се по цена од 150 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во истата се користат пиротехнички средства.
Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата.
Работно време на билетарницата од вторник до петок од 10:00 до 20:00 часот, во сабота од 14:00 до 20:00 часот и во понеделник од 10:00 до 14:00 часот.