Преподобен Прохор Пчински и Преподобен Јован Рилски

Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и…

повеќе...

МОН ја објавува финалната нацрт верзија на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025

Министерството за образование и наука изминатиов период интензивно работеше на креирање на нов стратешки документ за образовни политики во партнерство со тимот на експерти од A.E.S.A (Белгија) под Оперативната програма развој на човечки ресурси 2007-2013 – ИПА Компонента 4. Од самиот почеток се следеа принципите на партиципативност и водство од страна на Министерството за образование и наука во процесот на подготовка на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025. Голем број на состаноци, дискусии, дебати и конференции беа организирани во сите фази на изработка на документот, поточно, од утврдувањето на предизвиците и…

повеќе...

Преговори меѓу Македонија и Црна Гора за потпишување Протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе

Денеска во Министерството за внатрешни работи г-ѓа Магдалена Несторовска, Национален кординатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државен секретар во Министерството за внатрешни работи оствари средба со преговарачкиот тим на Владата на Црна Гора за соработка во борбата против трговијата со луѓе предводен од г. Зоран Улама, раководител на Националната канцеларија и Националниот координатор за борба против трговија со луѓе. Преговарачките тимови на Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора работат на изготвување на предлог текстот со кој дополнително ќе се прецизира соработката во…

повеќе...

Николовски: Функционална размена на податоци за ефективни земјоделски политики

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на завршувањето на проектот „Надградба на земјоделскиот информативен систем и воспоставување на системи за размена на податоци помеѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“, финансиран од Инструментот за претпристапната помош ИПА, на Европската унија. Целта на овој проект е функционална размена на податоци помеѓу Министерството, за земјоделство, шумарство и водостопанство и релевантните институции како што Државниот завод за статистика, Платежната агенција, и останатите инстутуции, кои располагаат со податоци потребни за анализа и креирање на идните земјоделски политики. Проектот се спроведуваше 20…

повеќе...

Македонското културно наследство на меѓународен саем во Париз

Управата за заштита на културното наследство по трет пат го претставува домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој ќе се одржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз. Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид што се реализира по 23-ти пат ќе биде „Културното наследство и туризмот“. На македонскиот штанд ќе бидат изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии во издание на Управата, а ќе има и кратка видеопрезентација за домашното културно богатство. Станува…

повеќе...

Претседателот Иванов одржа предавање на престижната Оксфордска унија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одржа предавање на престижната Оксфордска унија. Основата на помирувањето е почитувањето. Тоа е обврска на вашата генерација, бидејќи вие сте генерација што живее глобално, секој ден сте во контакт со други култури, други религии. Сфатете дека другиот не сака да биде толериран, туку сака да биде почитуван, рече претседателот Иванов, во своето предавање. Говорејќи за предизвиците на современиот свет, претседателот Иванов пред студентите на Оксфорд посочи на македонскиот модел…

повеќе...

Запленети над 15 килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.С.(48) и А.С.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тие на 28-ми овој месец, околу 03,00 часот на Граничен премин Долно Блаце, се пријавиле на влез во Република Македонија со патничко возило “Шкода октавија“. При прегледот на возило, кое било изнајмено, откриени се 22 пакувања со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 15 килограми и 725 грама, скриени во внатрешноста на возилото.…

повеќе...

При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”. На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Лука

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот…

повеќе...

Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата редовна 34 седница

Владата на Република Македонија утре, 31 октомври, ќе ја одржи својата редовна 34-та седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните. На предлог на Министерството за транспорт и врски, владата ќе ја разгледа информацијата за потреба од доставување на апликации за обезбедување на техничка помош грант средства од Акцискиот програм CONNECTA за проектите: „Изработка на проектна документација и имплементација на Интелигентен транспортен систем на патиштата“ и „Подготовка на проектна документација на ниво на основен проект за поставување на заштитна ограда и сигнализација на патниот Kоридор 10“. На…

повеќе...