Бошкоски и Грујевски приведени во Солун

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (четврток 19 октомври) доби известување од Интерпол-Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера (среда 18 октомври) се приведени во Солун. Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.

повеќе...

Одржана 32-ра седница на Владата

Владата на Република Македонија на својата редовна, 32-ра седница, усвои информација со предлози за надминување на состојбата во Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп. За таа цел, Владата ги задолжи Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, и Министерството за финансии, во соработка со Генералниот Секретаријат да подготват соодветен акт за надминување на состојбата во оваа компанија. Владата нa денешната седница одлучи дека нема мислење за предлог-законот за изменување на Законот за заштита…

повеќе...

Во Скопје отворена 148- та седница на Бордот на директори на Еуримаж

Денеска во Скопје, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја отвори 148-та Седница на Бордот на директори на најголемиот европски филмски фонд „Еуримаж“. Република Македонија е домаќин на оваа сесија на Генералното собрание на Еуримаж, кое се одржува од 16. до 20. октомври, во организација на Агенцијата за филм на Република Македонија. Министерот Алаѓозовски ги поздрави 60-те претставници на земјите – членки од цела Европа и Канада. Тој истакна дека му претставува особена чест и задоволство што Македонија е домаќин на Еуримаж, потенцирајќи го значењето на Еуримаж како…

повеќе...

Средба на премиерот Заев со рускиот амбасадор Шчербак

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија. Рускиот амбасадор ја поздрави енергичната посветеност на премиерот Заев и неговиот голем придонес кон демократските процеси што ја движат Македонија напред. Исто така, амбасадорот Шчербак изрази почитување кон искрените и конструктивни политики на премиерот Заев и на Владата, коишто водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија, но и унапредување на односите со другите држави на полиња од заеднички интерес за граѓаните на земјите и за мирот во светот. Евро-атлантските…

повеќе...

Стратегиски разговори за унапредување на соработката во одбраната меѓу Македонија и Франција

Експертска делегација од Министерството за одбрана денеска беше домаќин на делегација од генералната Дирекција за меѓународна соработка и стратегија при Министерството за одбрана на Република Франција, предводена од Оливие Ланду, директор за Европа, Северна Америка и мултилатерална соработка. На почетокот на средбата, Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ги поздрави претставниците на експертската делегација од Франција, заблагодарувајки се за контуинуиранта поддршка која Република Франција и ја дава на Република Македонија во полето на одбраната. Таа рече дека унапредувањето на соработката е од исклучително значење за Република Македонија на патот кон НАТО,…

повеќе...

Европски ден за борба против трговија со луѓе

По повод одблежувањето на 18-ти октомври Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Националниот координатор и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи г-ѓа Магдалена Несторовска го најавипочетокот на Кампањата за борба против трудова експлоатација во модната индустрија, која ќе се спроведува за време на Модниот викенд во Скопје. #Stopthetraffik. На прес-конференцијата присуствуваа и г-ѓа Елена Грозданова, член на Националната комисија и Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, Света Богова Јовановска и Марија Илиќ,организатори на Модниот викенд Скопје. „Кампањата ја посветуваме на трговијата со луѓе за…

повеќе...

Се заканувал со нож во аптека во Струга, барал седативи

Вчера во 09:15 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“ пред аптеката, Б.Н.(52) со закана со нож од И.И.(48) од с.Заграчани-Струга, се обидел да одземе седативи, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција. На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Циклон доаѓа кон Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени. До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе…

повеќе...

Прекин на сообраќајот кон Република Грција

Поради штрајк на грчките царински служби утре ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид на преминување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци. Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред: ГП Богородица од 06.00 часот на 19.10.2017 до 06.00 часот на 20.10.2017 ГП Меџитлија од 06.30 часот на 19.10.2017 до 06.30 часот на 20.10.2017 ГП С.Дојран од 05.00 до 23.00 часот на 19.10.2017.

повеќе...

Светиот апостол Тома

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој…

повеќе...