Утре и задутре во Скопје и во Струмица ќе се реализираат повеќе културни содржини во рамки на манифестацијата Денови на руската култура во Република Македонија. Свеченото отворање е утре во 18 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе биде презентирана изложба на познатиот руски кореограф Јуриј Григорович (оваа година се одбележуваат 90 години од неговото раѓање). На отворањето е планирано обраќање на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербак. Во МНТ, во 20 часот ќе се…
повеќе...Category: Македонија
Откриени измама и мигранти, запленети девизи, фалсификати и друга стока
Во текот на минатата недела откриени се една царинска измама, обид за нелегален влез на мигранти и неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани девизи, кујнски ножеви, делови за кафемати, паричници, бижутерија и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи: – 20.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи германски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во мала ташничка што возачот ја носел со себе, биле пронајдени 30.000 евра, од кои…
повеќе...Промоција на македонските вина во Данска
Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска. Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на…
повеќе...СИАРС – научен проект за намален ризик на бојното поле
„Проектот СИАРС кој влијае на подобрување на борбената готовност, но и можноста за спасување на животи во екстремни околности покажува дека Република Македонија има што да и понуди на НАТО – алијансата и може да соработува со НАТО земјите-членки на исто ниво“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното отворање на работилницата за проектот СИАРС во Скопје. Проектот е реализиран од Воената академија и академските институции како Факултетите за електротехника и за медицина од Љубљана и ФИНКИ од скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а поддржан од НАТО програмата…
повеќе...Министерот Николовски во Брисел се сретна со директорот за земјоделство и рурален развој Јержи Плева
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во Брисел имаше работен состанок со генералниот директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија Јержи Богдан Плева. На состанокот, од страна на Европската Комисија, присустуваа и директорот за рурален развој и претпристапна поддршка Марио Милушев, како и останати раководни лица при ЕК, надлежни за Република Македонија и за претпристапната поддршка за влез во Европската унија. Генералниот директор Плева, позитивно го оцени големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик…
повеќе...Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Италија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Трст, Италија, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Италија, Марко Минити. Министрите Спасовски и Минити ја потенцираа одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Италија, која се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји. Особено значајна е соработката во областа на борбата против дрога, при што претставници од Министерството за внатрешни работи присуствуваат на обуки за борба против дрога, главно во Централната дирекција за…
повеќе...Кривична пријава за стружанец кој упатувал закани кон полициски службеник
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н. (40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија. На 10.10.2017 година на ул. ,,15-Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.
повеќе...Работна посета на претседателот Иванов во Брисел
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од утре, 25 октомври, ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. Утре претседателот Иванов ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Во четврток, 26 октомври, претседателот Иванов ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата…
повеќе...Светиот апостол Филип и Спомен на Седмиот Вселенски Собор
Светиот апостол Филип Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни…
повеќе...Кривична пријава за неовластено држење оружје и царинска измама
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето З.Г. (57) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, предвидени и казниви по член 396 и член 278-б од Кривичниот Законик на Република Македонија. По преземени оперативно тактички мерки, Единицата за недозволена трговија дошла до сознание дека З.Г. набавил поголема количина на…
повеќе...