Светски ден на борба против маларија

На 25-ти Април – Светскиот ден на борба против маларија, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја повикува глобалната здравствена заедница итно да ги решава значителните празнини во превенцијата, дијагнозата и лекувањето на маларијата. И покрај драстичниот пад на случаите на маларија и смртните случаи од 2000 година наваму, од оваа болест сеуште има повеќе од половина милион жртви секоја година. СЗО препорачува дијагностичко тестирање за сите сомнителни случаи на маларија да се осигура дека лековите против маларија се користат само за оние кои ја имаат таа болест. Најмалку три четвртини од…

повеќе...

Светски ден на книгата и авторските права

23 април е симболичен датум за светската книжевност, бидејќи токму на 23 април 1616 починале Сервантес, но и Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. 23 април е исто така е датумот на раѓање или на умирање и на други угледни автори како Маурис Друон, К. Лакснес, Владимир Набоков, Јосеп Пла и Мануел Мехиа Валехо. Тоа беше природен избор за УНЕСКО на Генералната конференција одржана во Париз во 1995 година, на овој датум да им оддаде почит на книгите и авторите од целиот свет, поттикнувајќи ги сите, а особено младите…

повеќе...

Ден на планетата Земја

Денот на планетата Земја се одбележува за да не потсети сите нас дека Земјата и нејзините екосистеми ни обезбедуваат храна и живот. Овој ден дава можност за да се подигне јавната свест во целиот свет кон предизвиците во однос на благосостојбата на планетата и сите облици на живот кои ги поддржува. Исто така, укажува на колективна одговорност, за да се промовира хармонија со природата и Земјата, да се постигне рамнотежа меѓу економските, социјалните и еколошките потреби на сегашните и идните генерации на човештвото. Темата за оваа година е: „Писменост за…

повеќе...

Светски ден на хемофилијата

Поддржан од страна на Светската федерација на хемофилија (WFH), Светскиот ден за подигнување на свеста за хемофилијата првпат беше формиран во 1989 година, а датумот 17-ти април беше избран во чест на Френк Шнабел основачот на WFH, чиј роденден паѓа на истиот датум. Хемофилијата е состојба во која крварењето е продолжено. Хемофилија е присутна уште од раѓање и се наследува, но не се пренесува на други. Во некои ретки случаи, хемофилија може да се развие подоцна во животот (обично влијае на луѓето над 50 годишна возраст). Инциденцата на хемофилија е…

повеќе...

Меѓународен ден на човековите летови во вселената

Генералното собрание на Обединетите нации, во својата резолуција А/RES/65/271 на 7 април 2011 година, го прогласи 12 април како Меѓународен ден на човековите летови во вселената. 12 април 1961 година е датумот на првиот човеков лет во вселената, од страна на Јуриј Гагарин. Овој историски настан го отвори патот за истражување на вселената за доброто на целото човештво. Генералното собрание на ОН го изрази своето длабоко уверување од заедничкиот интерес на човештвото во промоција и проширување на истражувањето и користење на вселената, како периферија на целото човештво, за мирновременски цели…

повеќе...

Светски ден на здравјето

Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април, на годишнината на основањето на Светската здравствена организација. Секоја година се иницира здравствена тема која ги поврзува луѓето од целиот свет. Оваа година, кампањата е посветена на депресијата, со темата: „Депресија: Ајде да зборуваме!“ Депресијата влијае на луѓето од сите возрасти, во сите сфери на животот, во сите земји. Таа предизвикува ментална болка и влијае на луѓето така што им ја намалува способноста за извршување дури и на наједноставните секојдневни задачи. Понекогаш може да има и катастрофални последици во однос на…

повеќе...

Меѓународен ден на спортот за развој и мир

Поради големиот опфат, популарност и основа на позитивни вредности, спортот е идеално позициониран да придонесе за целите на Обединетите нации за развој и мир. За да се ​​подигне свеста за овој потенцијал, Генералното собрание на ОН го прогласи 6 април за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. Донесувањето на овој ден го означува зголемувањето на признавањето од страна на Обединетите нации на позитивното влијание што спортот може да го има врз унапредувањето на човековите права, како и социјалниот и економскиот развој. Во својата Резолуција (A/RES/67/296), Генералното собрание на ОН…

повеќе...

Меѓународен ден за согледување на опасностите од мините

На 8 декември 2005 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 4 април како Меѓународен ден на согледување на опасноста од мини и дејствување против мините. Со помош на Обединетите нации и релевантните организации, се повикуваат државите на континуирани напори, за да се поттикне воспоставување и развој на акции во земјите каде има мини и експлозивни остатоци од војна, кои претставуваат сериозна закана за безбедноста, здравјето и животите на цивилното население, или пречка за социјалниот и економскиот развој на национално и локално ниво. Веќе 20 години, работата на UNMAS…

повеќе...

Светски ден на свесноста за аутизмот

Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата (A/RES/62/139) го прогласи 2 април како Светски ден на свесноста за аутизмот, за да се потенцира потребата да се помогне за подобрување на квалитетот на животот на децата и возрасните кои боледуваат од аутизам, за тие да можат да водат целосен и исполнет живот. Одбележувањето на овој Ден е организирано од страна на Обединетите нации, односно Одделот за информации од јавен карактер и Одделот за економски и социјални работи. Темата за оваа 2017 година е: „Кон автономија и самоопределување“. Конвенцијата за правата на…

повеќе...

Меѓународен ден на книгата за деца

Почнувајќи од 1967 година, на 2 април или околу тој ден (роденденот на Ханс Кристијан Андерсен), се одбележува Меѓународниот ден на книгата за деца, со цел да ги инспирира љубовта кон читањето и да се насочи вниманието кон книгите за деца. Секоја година различен Национален оддел од Меѓународниот одбор на книги за млади (International Board on Books for Young People – IBBY) има можност да биде меѓународeн спонзор на овој ден. Тој одлучува за темата и поканува истакнат автор од земјата-домаќин за да напише порака за децата во светот, како…

повеќе...