Отишла некоја Циганка на гинеколог и го зела и детето со нејзе. Докторот ја викнал внатре, а на детето му рекол да остане надвор. – Нема проблем докторе, нека влезе и малиот, тој знае се за тие работи. Оди на школо! – му рекла таа. Докторот почнал да ја пипка, ја фатил за гради и го прашал малиот: – Што правам јас сега? – Ги прегледуваш градите. – одговорило детето. Продолжил докторот и цело време го испрашува детето, а тоа на секое негово прашање точно одговарало. На крајот докторот ја…
повеќе...Category: Виц
Виц
Дошол продавач на правосмукалки на вратата од една баба, тропнал неколку пати: – Добар ден, еве имаме нова… – Ама синко, јас немам пари! – Нема проблем само мала демонстрација! Влегува тој и од ќесата истурил еден куп ѓубре врз тепихот… – Еве бабо, ако правосмукалкава не го собере сето ова, јас ќе го изедам! – Се разбира синко! Почни веднаш да јадеш! Мене вчера ми ја исклучија струјата!
повеќе...Виц
Влегува Трпе во бар, гледа на шанкот еден сад полн со банкноти од по 100 евра. Се заинтересирал, па го прашал шанкерот: – Извини, што е ова? Шанкерот: – Стави внатре 100 евра и ако исполниш 3 задачи се е твое! Трпе: – Добро, кажи ми што да направам? Шанкерот го гледал, го измерил од глава до пети и му рекол: – Прво, треба да испиеш литар ракија, без никаква гримаса. Потоа, да одиш во дворон и да му извадиш заб на кучено, и на крај треба да се качиш…
повеќе...Виц
Седнал дедото во автобус, а до него убава млада девојка. – Госпоѓице, би ви дал 100 евра за да ве шлакнам по газето! – Бегај таму старче, што ти паѓа на памет!?! Но, поминале 2-3 минути, девојката подобро размислила, сепак 100 евра се 100 евра, па му вели на дедото: – Ајде дедо, добро! Дедото ја пуштил раката под фустанчето, па милува, милува, милува… Девојката: – Ајде бре дедо, шлакни веќе еднаш! – Еее, би шлакнал да имам 100 евра…
повеќе...Виц
Разговараат две комшивки, Мара и Перса: – Слушаш Маро, кажи ми, кога ти е роденден? – А зошто? – Па, те гледам секоја вечер како ги правиш оние работи со маж ти, па си реков да ти купам едни завеси… – Добро Персо, а тебе кога ти е роденден? – Зошто? – Па да ти купам наочари, бидејќи не гледаш добро! Тоа е твојот маж, а не мојот!!!
повеќе...Виц
Во моментот кога младиот хирург излегол од операционата сала, го сретнал управникот на болницата и го прашал: – Како е колега, како помина операцијата? – Операција!?! О, не! Јас си мислев дека е аутопсија!!!
повеќе...Виц
Мажот и праќа СМС порака на жена му: – Еве ме седам во кафана со другарите, пиеме пиво. Доаѓам за 30 минути. Ако ме нема и тогаш, прочитај ја поракава уште еднаш!
повеќе...Виц
Таткото запрепастен ја прашува 13-годишната ќерка: – Кажи ми ти зошто мајка ти падна во несвест? – Ама тато, јас не сум виновна! Што да и правам кога го чита мојот дневник!!!
повеќе...Виц
Се вработил Трпе како шофер на автобус. Шефот одма отишол да му честита за новото работно место и му вели: – Трпе, ќе мораш и да возиш и да наплатуваш карти. – Нема никаков проблем! – му рекој Трпе. Истиот ден автобусот летнал во провалија и се направил парам-парче. Дошол шефот во болница да го посети Трпе и го прашал како дошло до несреќата, а Трпе му вели: – Немам појма, јас бев во задниот дел, наплатував карти!
повеќе...Виц
Ѕвони телефонот на газдата од една кафеана во 5 часот наутро: – Кога отварате? – Во 9:00 часот, ако сакате можете веднаш штом се отвори кафеаната да влезете. – Кој вели дека сакам да влезам!?! Сакам да излезам!!!
повеќе...