Виц

Една селанка отишла на пазар да продава сирење. Цената кај сите други продавачи била 300 денари за кило, а кај неа 500 денари. Дошол еден господин кај неа да купи сирење, па кога ја прашал за цената, исто така запрашал зошто е нејзиното сирење поскапо отколку кај другите, а таа му одговорила: – Јас не се брзам! – Сакаш ли да одиме на кафе? – ја прашал човекот. – Може, јас не се брзам! Испиле кафе, па човекот ја прашал: – Сакаш ли да одиме на ручек? – Може, јас…

повеќе...

Виц

Човек од село се јавува кај кумот во Скопје… – Ало, куме!!! Да те прашам, дали можеш да го вработиш малиов, сега заврши средно школо, а нема некоја желба да учи повеќе…? – Се разбира, пушти ми го ти мене него во Скопје, одма ќе го вработам во Општина, ќе има 1500 евра плата, ништо нема да работи, ќе чита весници, ќе прави тоа што ќе му речат…. и тоа е! – Леле, немој куме, тоа се многу пари за млад човек, ќе се расипе… дај нешто за помалку пари,…

повеќе...

Виц

Еден планинар се искачувал на Шар Планина и така премрзнат дошол до едно село, до една куќичка, па затропал на вратата, а од внатре се слушнал детски глас: – Да!?! – Дали е тука татко ти? – Не е, излезе кога дојде мама. – Значи мајка ти е тука? – Не е, излезе кога влегов јас. – Па добро, вие никогаш не сте заедно? – збунет прашал планинарот. – Заедно сме, ама дома. Ова ни е нужникот!!!

повеќе...

Виц

Во едно село бил организиран излет за свекрви, и тоа со два автобуси. Утрото, на поаѓање сите снаи излегле да ги испратат свекрвите, па така автобусите тргнале. Не поминало многу време, кога слушнале дека двата автобуси паднале во река и сите свекрви се удавиле. Снаите, сите ладнокрвни, само прокоментирале нешто, кога виделе една како трча, плаче и си ја кубе косата, па ја прашале: – Што ти е, да не побудале? А таа им одговорила: – Леле, леле, кутрата јас! Само мојата свекрва задоцни на автобус!!!

повеќе...

Виц

Шефот од една компанија ги собрал вработените и им вели: – Имам лоша вест! Поради финансиската криза, фирмата почнува да влегува во загуба, затоа ќе морам да отпуштам еден од Вас! Црнецот: Мене не можете да ме отпуштите, ќе ве тужам за расизам! Секретарката: Јас сум жена, одма ќе ве тужам за дискриминација на пол! Муслиманот: Само отпуштете ме мене, ќе ве тужам за религиозна дискриминација! Најстариот: Што ако имам 70 години, само отпуштете ме, ќе ве тужам за дискриминација поради годините! Сите погледи се свртиле кон младото бело момче,…

повеќе...

Виц

Малиот Перо во прво оделение… учителката прашува: – Деца, кој знае како настанал човекот? – Никој?! Добро, прашајте ги родителите, па утре ќе ми кажете. Малиот Перо веднаш отрчал дома, ја затекнал мајка му во кујната како лупи компири и ја прашува: – Мамо, како настанал човекот? Мајката без многу да размислува му рекла: – Па, еве од компир настанува човекот! Малиот Перо зел еден компир и го ставил во џебот. Другиот ден учителката повторно ги прашала: – Деца, кој го знае одговорот на вчерашното прашање? Прв кренал рака малиот…

повеќе...

Виц

Индијанците се спремале за зима, па незнаејќи дали зимата што следува ќе биде ладна или не решиле да го прашаат главатарот… – Главатару, немаме доволно дрва за зимава, мора да собереме, но не знаеме колку да собереме, дали оваа зима ќе биде ладна или не!? Главатарот без да размислува многу им рекол дека зимата ќе биде ладна и дека ќе треба да соберат дрва. Следниот ден, за да се осигура во своите способности, решил да се јави до Метеоролошката служба: – Ало, Метеоролошка служба, ме интересира дали ќе имаме ладна…

повеќе...

Виц

Трпе го сретнал некој пријател, па го прашува: – Како си Трпе? – Остај, не прашувај! Како куче! – Зошто бре Трпе како куче!? – Па, на Трпана ниту ’ржам, ниту лаам, ама за туѓо… богами… ланецот би го скинал!!!

повеќе...

Виц

Како плавуша решава крстозбор: – Темен дел од денот, 3 букви? – ЛАД – Тешка болест, 4 букви? – СМРТ – Доживување при спиење, 3 букви? – SEX – Маж од сестра, 3 букви? – АЦЕ – Види слика, 5 букви? – ВИДОВ – Библиска личност, 3 букви? – ПОП – Вид метал, 4 букви? – ПЛЕХ – Дел од математика, 5 букви? – МАТЕМ – Дел од купатило, за туширање и капење, 4 букви? – ВОДА – Саат, 8 букви? – ТИКА ТАКА – Прибор за јадење, 3 букви? –…

повеќе...

Виц

Двајца заљубени седеле на клупа во паркот и гледале ѕвезди. Тој ја прашува: – Сакаш да ти ја покажам Големата Мечка? А таа: – Немој, може да не види некој!

повеќе...