Снежно невреме го очекува Балканот

Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека за време на викендот силно снежно невреме ќе го зафати целото балканско подрачје.

Возачите на моторни возила се предурпедуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба, јави Танјуг.

Во Хрватска, Црна Гора и Србија метеоролошките служби предупредуваат дека намалувањето на температурите е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и последните денови од годинта ќе го зафатат целиот регион.

Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, поради што на патиштата е задолжително поседување на зимска опрема, а поради снежни врнежи е отежнат и сообраќајот на патниот правец Подгорица-Цетиње.

Медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека интензивни снежни врнежи има на планините, каде за викендот веќе се очекуваат скијачи бидејќи снежната покривка ќе достигне 20 до 30 сантиметри.

Хрватските медиуми најавуваат дека ниските температури се само вовед за тоа што следи, особено за време на викендот, каде во некои делови на земјата се очекува и до половина метар снег.

Силни снежни врнежи на територијата на Србија се очекуваат во недела попладне, кои ќе формираат снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. Снежните врнежи ќе бидат проследени со силни ветрови и појава на снежни наноси.

Метеоролозите предупредуваат дека од понеделник 29 декември до сабота 3 јануари не очекуваат ниски температури и студени денови.

Извор: Нет Прес