ЈП „Билјанини Извори“ започнува со рекреативно издавање на игралиштето со вештачка трева

ЈП „Билјанини Извори“ следејќи го големиот интерес за користење на најсовременото игралиште со вештачка трева, ги известува граѓаните на Охрид, сите љубители на фудбалот, рекреативци, дека од понеделник (11-ти мај) ќе започне со рекреативно издавање на фудбалско игралиште со вештачка трева. За добивање на дополнителни информации, за да резервирате термин за користење, ЈП „Билјанини Извори“ ги упатува сите заинтересирани да се информираат на следниот контакт телефон: 071/233-005.

повеќе...

Воска доби повеќенаменско игралиште на песок

Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска. Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри а песок е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар. Просторот е и хортикултурно уреден а има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м. Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска. Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“…

повеќе...

Во Воска ќе се гради игралиште за одбојка на песок

Денес започнаа градежните активности за изградба на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на теренот за фудбал кај „Градска плажа“. Изведувачи на активностите се јавните претпријатија „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец”. Работите се изведуваат по претходно изработен проект и одобрение за градба од локалната самоуправа. Игралиштето на песок ќе биде со стандардни димензии 18 на 9 метри, а песок ќе се става и на околниот простор на површина од 1,5 метар. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден, а ќе има и…

повеќе...

Продолжуваат градежните активности на игралиштето во Трпејца

Градежните активности на игралиштето во с. Трпејца кои беа во прекин поради лошите временски услови, денес продолжуваат со засилен интензитет. Игралиштето ќе биде повеќенаменско, целосно ќе биде оградено, опремено со рефлектори и хортикултурно ќе се уреди.  Околу игралиштето ќе биде изведена пешачка патека и ќе бидат поставени трибини. Ова игралиште претставува дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на повеќе локации во градот и надвор од него. Средствата за изградбата се целосно обезбедени од буџетот на општина Охрид, а градежните зафати во целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“. Иницијативата…

повеќе...

Ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште во Лескајца

На пригодна свеченост пред бројни охриѓани синоќа Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го стави во употреба повеќенаменското спортско игралиште кое се наоѓа во населбата Лескајца наспроти детската градинка. Игралиштето е опремено со детски реквизити, кош кој е поставен на површина која има заштитна гумена подлога и мини фонтана. Паркот кој е во рамки на игралиштето е хортикултурно опремен. Пристапните патеки кои водат до игралиштето се поплочени со бехатон плочки, а теренот е комплетно асфалтиран. „Овој парк вклучува игралиште за кошарка, едно игралиште со детски реквизити и еден мини парк. Ова…

повеќе...

Привршуваат активностите за повеќенаменското игралиште во Лескајца

Во завршна фаза се градежните активности за подигање на повеќенаменското спортско игралиште во населбата Лескајца. До ставање во функција на објектот останува уште екипите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Градски гробишта“ да ја довршат започната мини фонтана и да ги поплочат малите пристапни патеки што водат до неа а ќе се постави и заштитната гумена подлога во кругот на детското катче. Првобитната замисла за целосно учество на Општинските јавни претпријатија во овој проект е исполнет затоа што 90% од градежните и оперативни активности реализирале тие а еден мал дел приватни…

повеќе...

Интензивно се работи на поставување на метална конструкција на повеќе наменското игралиште во Требеништа

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес беше во Требеништа каде интензивно се работи на изградбата на повеќе наменско игралиште – балон сала, каде најмладите ќе добијат современи услови за спортски активности. Според проектот, првата фаза која опфаќа изработка  на челична  конструкција и покривање  предвидено е да заврши до крајот на август. Со изградбата на овој објект, општина Дебарца конечно ќе добие покриена спортска сала, со која ќе се подобрат условите за поактивно спортување на месното население како и одржување на културни манифестации.

повеќе...