Утре, со почеток во 18 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 18 часот – с. Коњско – 19 часот – с. Рача. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Tag: средби
На 26-ти септември ќе се одржат Охридските староградски средби 2014
Во петок, на 26-ти септември, ќе се одржат охридските староградски средби. 19.00 ДЕФИЛЕ на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар 20.00 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ Настап на учесници: -Градско мандолинско друштво „Свети Никола“- Свети Николе -Здружение на пензионери Охрид и Дебрца -Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе”- Кавадарци -Здружение на пензионери на општина Штип и Карбинци -Октет – Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп -Група „Орнаменти“ – Штип -Здружение на пензионери ,,Куманово” – Куманово -КУД ,,Пере Тошев” – Прилеп -Група ,,Сарај”…
повеќе...Денес по 11-ти пат ќе се одржат „Курајчки средби“
По 11-ти пат Куратица ќе биде центар на зближување на своите иселеници, манифестација која традиционално се одржува во летниот период од годината, кога голем број нашинци доаѓаат од странство во родното огниште, кај своите најблиски. Месната заедница од селото Куратица како организатор на оваа манифестација и оваа година на сите курајчани кои живеат во самото село, на иселениците низ целата Република како и на нашите гости и иселеници по Европа, Америка, Австралија и светот, кои годишните одмори ги поминуваат во својот роден крај на овој единствен начин скоро една деценија…
повеќе...