Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Државата денеска исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари. Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари. „Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделствот како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

повеќе...

Груевски: Го остваруваме ветеното – целосно и навремено исплаќање на субвенциите

За лозарството досега се исплатени речиси 400 милиони денари, а од утре почнува исплатата на дополнителни 150 милиони денари, најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево, Груевски нагласи дека најголем дел од овие средства се за лозарите во кавадaрeчкиот регион. „Се работи за остварување на тоа што го имаме ветено во овој крај, дека во целост и навреме ќе ги поддржиме лозарите и другите земјоделци. Исплаќањето на субвенциите оди според предвидената динамика, така и ќе прoдолжи.…

повеќе...

Исплатени 31,7 милиони денари субвенции на 17.630 земјоделци

Државата денеска исплати 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се префрлени на сметките на 17.630 земјоделци. За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина. За сончоглед и ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури. „Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како…

повеќе...

Општина Охрид ќе ги субвенционира спортските клубови

Општина Охрид со 2.675.400 денари, ќе го субвенционира користењето на спортските терени при СРЦ “Билјанини извори“ од страна на десет спортски клубови од Охрид. Поддршката што општината ја дава на спортските клубови, денес беше официјализирана со потпишување на меморандум за соработка помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески , претседателот на Сојузот на спортови, Коста Карадимче и директорот на ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мишев. „Со субвенционирањето на спортските клубови во однос на користење на терените при СРЦ „Билјанини ивори“, сметаме дека ќе дадеме значаен придонес во помагање на спортските клубови и друштва во…

повеќе...

Исплатени 94 милиони денари субвенции за полjoделство

Државата денес исплати 94.000.000 денари субвенции за полjoделство. Финансиска поддршка за посеани површини со полjoделски култури се исплатени на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии. Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари за хектар посеана површина со полjoделски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата изнесува 12.000 денари по хектар. Владата на Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи и во иднина да го поддржува полjoделството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

повеќе...

Исплатени 62,5 милиони денари субвенции на тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари. – Станува збор за откупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога исплатата на субвенциите беше запрена поради одредбите во Изборниот законик, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, се додава, остануваат посветени на поддршка на земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство.

повеќе...

Исплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година. Како што соопшти Министерството за финансии, станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки. „Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во соопштението.

повеќе...

Државни субвенции за отворање специјализирани продавници за вино

Со цел дополнителна поддршка на бизнис заедницата, особено на винскиот стопански сектор, зголемување на промоцијата на македонското вино, зголемување на внатрешната потрошувачка на македонски вина, збогатување на туристичката понуда, но и поддршката на економскиот развој, условите за водење на бизнис и отворањето на нови работни места, Владата на Република Македонија ќе кофинансира отворање и работа на унифицирани и специјализирани продавници за вино. Идејата за овој проект потекна од бизнис заедницата, а самиот проект е дизајниран и се спроведува во соработка со претставниците на винариите во Република Македонија, рече на денешната…

повеќе...

Зголемени субвенциите за привлекување туристи

Како резултат на владините политики, мерки, проекти и активности, туризмот како стопанска гранка во изминатиов период има континуирани стапки на раст. Еден од најзначајните показатели за тој раст е растот на бројот на туристи, каде што имаме секоја година повисок број на туристи во однос на претходната, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Последните податоци говорат дека во периодот јануари – август 2014 година, споредено со периодот јануари – август 2013 година имаме раст на бројот на туристи за 5,9%. Притоа, бројот на домашни…

повеќе...

Јавен оглас за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти: · Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; · Покривање на трошоците за одведување на отпад…

повеќе...